Финална доработка
Финална доработка
Деталите што го претвораат печатот во впечаток
Финалната доработка е завршниот чекор во производството, кој може значително да влијае врз изгледот и впечатокот што го остава печатениот производ. Со соодветен избор на техники и материјали, се нагласуваат одредени детали од дизајнот, се создаваат интересни визуелни и релјефни ефекти и се додава посебна вредност на готовиот производ.
Во „Пропоинт“ нудиме широк избор на премиум доработки кои ги збогатуваат изгледот и функционалноста на производот. Без разлика дали станува збор за луксузна амбалажа, етикети, каталози, визит-картички или промотивни материјали, вистинската доработка може значително да ја зголеми нивната вредност.
Нашите техники за доработка
- Лак (мат, сјаен и сепаратен 2Д и 3Д УВ-лак)
- Пластификат (мат, сјаен и велвет)
- Топлотисок со фолија и 3Д фолија
- Прег (emboss)
- Вдлабнување (deboss)
- Штанцање
- Бигување, превиткување и лепење
Предности на финалната доработка
Правилно избраната доработка не само што го подобрува изгледот на производот туку создава и поголема препознатливост на брендот, подобро корисничко искуство и дополнителна заштита на печатениот материјал.
Премиум изглед
Специјалните ефекти како фолија, сепаратен УВ-лак и прег му даваат на производот луксузен изглед и го издвојуваат од другите.
Зголемена вредност
Квалитетната доработка создава чувство на повисока вредност и професионалност, оставајќи силен прв впечаток кај клиентите.
Заштита и издржливост
Пластификатот и заштитните лакови ја штитат површината од гребење, влага, отпечатоци и секојдневно абење, продолжувајќи го животниот век на производот.
Најчесто поставувани прашања
Изборот зависи од видот на производот, неговата намена и впечатокот што сакате да го постигнете. Нашиот тим ќе ви помогне да ја изберете најсоодветната комбинација.
Лакот се нанесува како тенок заштитен или декоративен слој директно врз печатот, додека пластификатот претставува тенок филм кој дополнително ја штити површината и создава различен визуелен и тактилен ефект.
Сепаратен УВ-лак е техника при која сјајниот лак се нанесува само на одредени елементи од дизајнот, создавајќи контраст и нагласувајќи ги логото, текстот или графиката. Тој може да биде 2Д или 3Д.
Топлотисокот со фолија е техника при која со помош на температура и притисок се нанесува метализирана или обоена фолија. Најчесто се користи за создавање луксузен ефект кај амбалажа, етикети и визит-картички.
Прегот (emboss) подига одредени елементи над површината, додека вдлабнувањето (deboss) ги вдлабнува во материјалот. И двете техники создаваат впечатлив тридимензионален ефект.
Да, различни техники на доработка можат да се комбинираат за да се постигне посебен визуелен и релјефен ефект. Можностите за комбинирање зависат од видот на материјалот, дизајнот и техничките карактеристики на производот.
Некои техники бараат дополнителни производствени чекори, па можат да влијаат на рокот на изработка. При секој проект однапред ве информираме за времето потребно за производство.
Останати услуги
Следниот впечатлив проект може да биде вашиот.