За Нас
Повеќе од печатница – партнер во создавањето на вашиот бренд
Нашите вредности
Вредностите што нѐ водат повеќе од три децении:
- Квалитет без компромис
- Доверба и транспарентност
- Одговорност кон секој проект
- Иновација и континуиран развој
- Долгорочни партнерства
Нашата филозофија
Секој проект го реализираме со истата посветеност, без разлика на неговата големина.
- Индивидуален пристап
- Внимание кон секој детаљ
- Почитување на рокови
- Постојано унапредување
Три децении исполнети со идеи, предизвици и достигнувања.
Нашата мисија е да создаваме висококвалитетни печатарски решенија кои целосно ги исполнуваат потребите и очекувањата на нашите клиенти, обезбедувајќи навремена испорака, професионална услуга и градејќи долгорочна доверба преку квалитет, посветеност и сигурност.
Почетоците
Во гаража од само 15 м², со многу ентузијазам и јасна визија, започнува нашата приказна. Сито печатот е нашата прва дејност и темелот врз кој започнуваме да ја градиме компанијата.
Ново поглавје
Го вработуваме првиот член на тимот и инвестираме во првата офсет машина. Со воведувањето на офсет печатењето започнува нова фаза во развојот на Пропоинт.
Проширени можности
Се преселуваме во нов производствен простор од 150 м² и инвестираме во првата двобојна Хајделберг Б2 офсет машина. Тимот расте на 7 вработени, а производствените можности значително се зголемуваат.
Нови инвестиции
Со преселувањето во простор од 400 м² и набавката на првата четирибојна Хајделберг Б2 офсет машина, правиме уште еден значаен чекор во развојот. Тимот веќе брои 20 вработени.
Забрзан развој
Производствениот простор го прошируваме на 800 м², машинскиот парк надминува 50 машини, а тимот расте на повеќе од 30 вработени.
Сопствен производствен центар
Се преселуваме во сопствен современ производствен објект од 5.200 м² и инвестираме во шестбојна Хајделберг Б1 офсет машина. Во овој период тимот веќе брои повеќе од 50 вработени.
Одржлива иднина
На покривот на производствениот објект поставуваме сопствена фотоволтаична централа со соларни панели, како дел од нашата определба за енергетска ефикасност и поодржливо производство.
Нов сегмент: етикети во ролна
Отвораме специјализиран оддел за производство на етикети во ролна и инвестираме во нова опрема наменета за овој сегмент. Со повеќе од 60 вработени, дополнително ги прошируваме нашите производствени можности.
Дигитална трансформација
Го прошируваме машинскиот парк со современа опрема за дигитално печатење, со што овозможуваме поголема флексибилност, пократки рокови и ефикасно производство на мали и средни тиражи.
Пропоинт денес
Три децении подоцна, располагаме со повеќе од 150 машини и соработуваме со над 1.000 активни клиенти. Продолжуваме да се развиваме преку инвестиции во технологија, знаење и нови печатарски решенија.
Печат што ја истакнува вашата приказна
30 години искуство
Три децении успешно ги претвораме идеите во производи со врвен квалитет, прецизност и внимание кон секој детаљ.
Современа технологија
Постојано инвестираме во нова опрема и технологии што ни овозможуваат поголеми можности во печатењето и доработката.
Сигурен партнер
Од идеја до финален производ, нудиме професионална поддршка, навремена испорака и решенија прилагодени на потребите на секој клиент.
Повеќе од 1000 задоволни клиенти кои работат со Пропоинт
Што велат нашите клиенти
Имате прашање?
Овде ќе најдете одговори на најчесто поставуваните прашања поврзани со нарачките, подготовката на фајлови за печат и завршните доработки. Доколку ви се потребни дополнителни информации, слободно контактирајте нѐ.
Немаме минимална количина на нарачка. Нудиме изработка и на мали и на големи тиражи. Потребно е да се има предвид дека кај помалите количини цената по парче е повисока, додека кај поголемите тиражи производството е поекономично.
За да добиете понуда, испратете го вашето барање на propoint@propoint.com.mk и наведете ја количината која сакате да ја нарачате, материјалот и доработките (пластификат, лак, УВ лак, 2Д или 3Д сепаратен УВ лак, прег, топлотисок со фолија, 3Д фолија...)
Лакот се нанесува како тенок заштитен или декоративен слој директно врз печатот, додека пластификатот претставува тенок филм кој дополнително ја штити површината и создава различен визуелен и тактилен ефект.
Да, различни техники на доработка можат да се комбинираат за да се постигне посебен визуелен и релјефен ефект. Можностите за комбинирање зависат од видот на материјалот, дизајнот и техничките карактеристики на производот.
Некои техники бараат дополнителни производствени чекори, па можат да влијаат на рокот на изработка. При секој проект однапред ве информираме за времето потребно за производство.
Да. Пред започнување на производството се проверуваат основните технички параметри, како димензии, бои, резолуција, фонтови, обрез и поставеност на елементите.
Во зависност од видот и обемот на грешките, нашиот тим може да изврши технички корекции или да ви даде насоки за потребните измени. Поголемите дизајнерски интервенции се договараат дополнително.
Основните правила се слични, но техничките барања може да се разликуваат според машината, форматот, материјалот и доработката. Затоа секој фајл се проверува според конкретниот производствен процес.
Следниот впечатлив проект може да биде вашиот.