Повеќе од три децении искуство, современа технологија и посветеност на секој проект.

Изборот на печатница не се сведува само на цената и квалитетот на печатот. Подеднакво важни се сигурноста, почитувањето на роковите, техничката поддршка и можноста целиот процес да се реализира на едно место.

Во „Пропоинт“ повеќе од 30 години ги развиваме нашите производствени капацитети, технологија и знаење со цел на клиентите да им понудиме сигурен партнер за реализација на нивните идеи. 


Широк асортиман на печатени производи

Благодарение на нашите производствени капацитети и технологии, изработуваме широк спектар печатени производи за различни индустрии и намени.

Во нашата понуда спаѓаат:

  • Етикети и амбалажа: етикети во ролна, кутии, хартиени кеси, налепници и декларации;
  • Книги и публикации: книги, монографии, брошури, каталози и упатства;
  • Деловни и канцелариски материјали: визит-картички, меморандуми, пликови, папки, регистратори, тефтери, сертификати и дипломи;
  • Промотивни и рекламни материјали: флаери, постери, календари, воблери, дисплеи, хенгери и ваучери;
  • Други печатени производи: менија, покани и честитки, подметачи и ЦД-опаковки.

Сè на едно место – од подготовка до готов производ

Една од нашите најголеми предности е можноста повеќе фази од производството да се реализираат во рамките на нашата компанија.

Целиот процес, од проверка и подготовка на датотеките, преку печатење, до пластифицирање, лакирање, фолија, штанцање, лепење и други завршни доработки, се организира и контролира во нашите производствени капацитети.

Ваквиот начин на работа овозможува подобра координација меѓу производствените фази, поефикасна контрола на квалитетот и поголема сигурност во исполнувањето на договорените рокови. 


Одговорност кон клиентите и договорените рокови

Добрата соработка се гради преку јасна комуникација, доверба и исполнување на договореното.

Без разлика дали станува збор за мала нарачка или сложен проект со повеќе производствени фази, на секој клиент му пристапуваме со исто внимание и одговорност.

Веруваме дека долгорочните партнерства се резултат на постојан квалитет, сигурност и професионален однос.

Одговорно производство и грижа за животната средина

Со сопствена соларна централа со капацитет од 425 киловат часови, дел од потребната електрична енергија ја обезбедуваме од обновлив извор.

Дополнително, за доставата на нашите производи во Скопје користиме сопствени електрични возила, со што придонесуваме за намалување на емисиите на штетни гасови при транспортот.

Вашата идеја заслужува сигурен партнер

Во „Пропоинт“ ги обединуваме искуството, технологијата и посветеноста за да понудиме квалитетни решенија и сигурна поддршка во секоја фаза од реализацијата. „Пропоинт“ – повеќе од печатница, партнер во создавањето на вашиот бренд.